Thursday, January 18, 2018

Како да помогнеме конопот побрзо да се ослободи во Република Македонија?

Уморни од чекањето на целосната легализација каде што живеете? Еве како да се забрза зелениот бран. Зеленото цунами се шири низ сè повеќе држави во целиот Свет, а ти можеш да го забрзаш овој процес!

Калифорнија, најголемиот рекреативен канабис пазар во светот, беше отворен на почетокот од овој месец. Вермонт неодамна стана првата држава што го усвои законот за легализација преку законодавната власт, наместо на изборите. И поддршката за легализација на марихуаната е рекордно висока меѓу двете страни. Но, има уште многу работа со милиони Американци кои не се во можност да пристапат кон легална марихуана - или дури и легално ЦБД - за здравствените состојби во нивната држава. Ако сте редовен корисник на канабис во држава каде што тоа е казниво, може да биде крајно фрустрирачки да го гледате целиот напредок што го зема легализацијата ширум светот, додека вашата татковина не прави ништо во врска со тоа... Ти не си само една капка во океанот, затоа што без тебе океанот нема да е целосен и затоа ја имаш моќта многу да допринесеш ако ја сфаќаш сопстрвената вредност во општеството. Се прашуваш: Како можам да помогнам во легализацијата на марихуаната во мојата држава? Многу едноставно, најпрво споделете го овој текст по социјалните мрежи, а потоа проследете ги чекорите кои ги издвоивме за побрзо придвижување на работите:


1. Прв чекор

Основната почетна точка е да се научи повеќе за историјата на канабисот, многу може да научите од оваа страница. Научете зошто марихуаната станала нелегална во 1937 година; за Никсоновата војна против дрогата. Оваа историја - која покажува дека забраната за марихуана во голема мера била заснована на лаги, измислици, СТРАВ и пристрасност, а не на факти - служи како важно оружје кога се сакате да преговарате легализација. Потоа, разгледајте како законите се менуваат во вашата држава. Некои држави дозволуваат гласачки иницијативи и референдуми.


2. Најдете локални сојузници - засегнати пациенти, правници, адвокати и АКТИВИСТИ!

Нема потреба да се започнува од нула. Организациите или поединците како нас веројатно веќе одамна упорно работат за да ја легализираат марихуаната во вашата држава. Може да бидете пријатно изненадени да пронајдете активни групи за реформи во политиката за канабис во вашата непосредна област. Како што се поврзувате со други активисти во вашата држава и како доаѓате до заеднички конструктивни идеи, можеби ќе најдете различни вредности или визии за тоа како треба да изгледа декриминализацијата. Сојузот меѓу постарите активистички групи и свежата енергија на новодојдените, често може да доведе до големи резултати. Долгогодишните упорни активисти имаат перспектива и мудрост што може да дојде само со децении во борбата, додека помладите канабис ентузијасти можат да понудат сосема нови агли. Секој глас е важен!


3. Лоцирајте политичари и јавни личности кои работат на ова прашање

Дали некој локален политичар во вашата област беше пријателски настроен за проблемите со канабисот? Државните законодавци, членовите на градскиот совет и градоначалниците можат да бидат големи сојузници во зголемувањето на јавната свест и носењето позитивни промени на ова поле. Можете да дознаете кои се локалните клучни играчи и да се поврзете со нивниот персонал. Колку повеќе функционери и службеници, т.е. лица кои работат во јавниот сектор се поврзуваат со вистинските луѓе кои се грижат за ова прашање, толку повеќе тие имаат тенденција да допринесат. Вие не треба да бидете експерт, туку само да им кажете дека се грижите и дека не сакате законот да ве третира како криминалци. Дознајте кои јавни личности користат канабис и би биле спремни отворено да проговорат за тоа и да се вклучат во движењето за ослободување на канабисот во Македонија. Стапете во контакт со пејачите, актерите, бизнисмените и сите „фаци“ кои веќе одамна потајно сурфаат на зелениот бран!


4. Порака до локалното население

Важно е да зборувате за загриженоста на вашата заедница, за маката и СТРАВОТ низ која секојдневно поминуваат пациентите за да дојдат до лекот, а не само за позитивните страни на канабисот. Можете да ја прилагодите вашата порака за да ги вклучите локалните причини за ставање крај на забраната за марихуана. Знаете за што се грижат луѓето во вашето непосредно соседство - дали тоа е криминал, зависност од опиоиди или невработеност - низ таа призма може да ги користите оние придобивки од декриминализацијата на тревата кои најмногу одговараат во вашата средина. Марихуаната се покажа како ефикасна алтернатива на опиоидите, кои предизвикуваат зависност и фатално (смртно) предозирање. Канабисот никого до сега не убил, а канабис индустријата може да стави крај на невработеноста во Македонија и крај на одливот на младите во странство...


5. Постојано разговарајте со луѓето околу вас, канете пријатели и СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Дури и без активно да се вклучите во политичката сцена, можете да направите разлика кадешто  живеете. Секој треба да слушне за овој лек! Секој од нас биолошки поседува ендоканабиноиден систем. Разговорите со блиските за канабисот, одговарањето на нивните прашања и нивната критичност, можат само одлично да ве подготват кога ќе сакате канабисот да го браните јавно.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

No comments:

Post a Comment