Monday, May 7, 2018

CNN СПЕЦИЈАЛЕН извештај: д-р Санџај Гупта WEED 4: Трева Vs таблети

Специјалните извештаи на Си-Ен-Ен се наградувана документарна серија која се фокусира на детално и истражувачко известување за главните прашања и настани и моќните приказни од човечки интерес кои ги одразуваат нашите времиња. Во четвртата епизода на неговата нова серија „A CNN SPECIAL REPORT: Dr. Sanjay Gupta WEED 4: Pot Vs Pills“, главниот дописникот на CNN, д-р Санџај Гупта, детално го разгледува потенцијалот на марихуаната, како алтернатива на опиоидите во лекувањето на болката и завршувањето на опиоидната зависност


Погледнете го најновиот извештај на Д-р Гупта
Во специјалниот извештај, Гупта ги сретнува пионерите во областа на управување со болката, како и истражувањето за зависности, а кои веруваат дека марихуаната е следната најдобра надеж за лекување на двете. Тој, исто така, зборува со оние кои се бореле со зависноста, вклучувајќи ексклузивно интервју со Мајк Џејмс (Mike James) од NFL. Во 2013 година Џејмс претрпе разорна повреда на нозете за време на рагби натпревар. Тој добил опиоиди по операцијата за лекување на болката, а неколку месеци подоцна бил во позиција на зависник од апчиња кои предизвикуваат самоубиствени мисли и болката ја потиснуваат само моментално. Исплашен и загрижен, неговата сопруга предложила да проба марихуана, лек што е забранет од страна на НФЛ и може да го чини секој играч со крај на неговата кариера. Денес, Џејмс ја смени оваа историја како прв играч кој поднесува барање за терапевтска употреба за канабис со НФЛ.




Многу држави почнаа да преземаат чекори кон канабисот како можна алтернатива за запирање на опиоидната криза која ги осакати. Гупта го посети Мејн, каде што пратениците и жителите се посветени на канабисот, како начин наркозависниците да се ослободат од опиоидите. Тој зборува со жена која отвора рехабилитационен центар каде што ќе користи канабис за да ги одвикне пациентите од опиоиди. Доктор Гупта, некогаш жесток противник на канабисот, а сега најголем поборник, исто така, разговара со неколку државни законодавци кои работат на промена на законите и им дозволуваат на зависниците да имаат пристап до медицинска марихуана.

Д-р Гупта јавно се извини што обил против тревата



Со оглед на тоа што државата Мејн гледа кон канабисот како можно решение, многу законодавци, како и јавниот обвинител Џеф Сешнс (Jeff Sessions), продолжуваат да се борат против промената на распоредот на марихуаната, што ќе овозможи понатамошен пристап и истражување. Гупта се занимава со историјата на тоа како марихуаната станала Schedule I drug, со што иако од канабис никој не умрел и не создава зависност, за жал таа се смета за еднаква на: хероин, ЛСД и екстази, додека: кокаинот, метамфетаминот и многу опиоиди, вклучувајќи: оксиконтин, фентанил, дилаудид и викодин, се распоредени како помалку опасни од марихуаната, односно како Schedule II drugs. Тој разговара и со неколку критичари.


„Политичарите ветуваат дека ќе ја извадат земјата од најлошата криза со дрога во својата историја, но злоупотребата на опиоидите продолжува да ги убива Американците со рекордна брзина. Дали нашите лидери го игнорираат решението за спас? Над 115 Американци умираат секој ден од предозирање со опиоиди, повеќе жртви отколку во сообраќајни незгоди, од рак на дојка или дури и жртви од оружје. Речиси 2,5 милиони Американци се борат со опиоидна зависност, а многумина веруваат како нас дека потенцијалниот спас за опијатската зависност и другите зависности од тешки дроги, како и смртта од предозирање со нив е токму медицинската марихуана“ - Гупта изјавува во вели во филмот.


Ве покануваме да ги погледнете и претходните три документарни филмови за марихуаната од Д-р Санџај Гупта:

Dr Sanjay Gupta: WEED 1: - CNN Special Documentary

WEED 2: „Cannabis Madness“ Dr. Sanjay Gupta Reports

WEED 3: The Marijuana Revolution - CNN Special Report by Dr. Sanjay Gupta (2015 CNN Documentary HD)


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Cnnpressroom

1 comment:

  1. Toa e nogu ubava bilkicka. Mojata komsika redovno ja zemase taa bilkicka, bog da a proste.

    ReplyDelete