Wednesday, May 16, 2018

Мајките и марихуаната: 7 познати личности отворено зборуваат за пушењето марихуана како родител

Мајките сè повеќе и повеќе ги поттикнуваат реформите поврзани со канабисот во САД. Насекаде низ земјата, па дури и во поконзервативните држави, мајките ги поддржуваат и охрабруваат законите за употреба на THC и CBD за децата со епилепција и други болести


Еден таков „херој“ е Heather Shuker од друштвото за медицински канабис во Пенсилванија, која сето тоа го започна поради својата ќерка Хана, откако употребата на канабисот драстично ги намалила нејзините напади.  Калифорнискиот сенатор Dianne Feinstein, која се противела на реформите за канабисот, изјави дека нејзиното гледиште се променило откако се запознала со гласачите, особено оние со мали деца кои имаат здравствени придобивки од канабисот. Но, ова „движење на мајките“ не е само неодамнешен феномен за децата да имаат слободен пристап до медицинскиот канабис. Ова се 7 мајки, кои се познати личности: пејачки, актерки, водителки и писателки, кои јавно говореле за нивното конзумирање на канабисот и позитивните ефекти кои тие ги забележале од ова растение.



Maya Angelou

Писателката Maya Angelou пишувала за своето искуство со марихуаната во „Gather Together in My Name“,  вториот дел од нејзината автобиографија. Angelou, која што имала особено тешко детство и станала мајка во тинејџерските денови, напишала: „Пушењето марихуана го ослободува стресот... Тоа ме прави толерантна, пешачењето по улиците го прави авантура, јадењето на ручекот на мојата мајка го прави забава, а играњето со мојот син го претвора во смеа. За прв пат, животот ме воодушевува“.


Melissa Etheridge

Melissa Etherighe, музичар, изјави дека пушела марихуана во 2005 година, за да се справи со несаканите ефекти од хемотерапијата за време на нејзиното лечење од рак на дојката. Таа исто така се појавила на прес-конференцијата за користење на рекреативната марихуана во 2010 година, во Лос Анџелес. „Не сакам повеќе да изгледам како криминалец пред своите деца. Сакам тие да знаат дека тоа е одлука која ја носиш како одговорен и возрасен човек“ -  изјави таа. Во 2015 година на концертот за социјална правда, таа само потврди дека канабис-револуцијата е предводена од средовечните жени.


Ruth Bergner

Долгогодишниот корисник на канабисот, а воедно и баба, Ruth Bergner, јавно проговори во својата автобиографија: „I smoke pot with my family: Speaking up at 85“ (Пушам трева со моето семејство. Јавно говорам за ова на 85). „Со само едно пафкање, одеднаш сум поотворена, комуникативна, полна со љубов и полесно простувам. Верувам дека кога се користи паметно, ова растение ни помага да научиме повеќе да сакаме и да бидеме подобри луѓе“ - напишала таа. 


Lea Grover

Во 2015 година, Lea Grover, мајка на близнаци од 1 година, напиша текст за магазинот Good Housekeeping, која го именуваше, „Марихуаната ме прави подобра мајка“, во кој објаснува како марихуаната ѝ помогнала повеќе да сочувствува со другите, како и да се справи со анксиозноста предизвикана од улогата на родител. Таа забележала огромни придобивки во споредба со дотогашните лекови кои ги пиела. 


Charlize Theron

Charlize Theron, која неодамна му откри на Jimmy Kimmel дека заедно со својата мајка конзумирале канабис за да им помогне да заспијат, моментално се појавува во филмот Gringo, во кој има митско апче со канабис, како и во Tully, каде се соочува со предизвиците на мајчинството. Таа има две деца и ги чува заедно со својата мајка.


Susan Sarandon

Susan Sarandon, која јавно призна дека употребува марихуана уште во 1992 година, сè повеќе се залага за реформите за марихуаната против криминалот. Сарандон, во 2014 година, за магазинот AARP’s изјави: „Многу повеќе би сакала моите деца да пушат марихуана, отколку да пијат, само што тоа е нелегално“.


Whoopi Golderg

Whoopi Golderg, која неодамна навлезе во канабис-индустријата со своја сопствена линија од производи со канабис за жени и мајки, изјави дека нејзината ќерка ѝ предложила да пуши марихуана за да ги третира главоболките кои ја измачувале. „И ќе им зборувам и на моите внуци на 20-годишна возраст, а тие ќе ми кажат дека користат марихуана за ги спречат грчевите“ - изјави таа. Goldberg исто така зборува за потребата од жените и мајките во канабис-индустријата. „Доколку оваа индустрија е предводена од жените, мислам дека ќе има голем број разновидни производи“.



Поврзано: 




Автор: Ангела Т.
Извор: Cannabisnow

No comments:

Post a Comment