Thursday, April 26, 2018

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

Туберкулозата (ТБ) е изнемоштувачка респираторна болест која обично резултира со смрт ако не се лекува. Програмите за вакцинација и модерните антибиотици до одредена мера ја држеа ТБ под некаква контрола со децении во најразвиените општества, но сега се појавуваат нови измутирани видови на бактеријата, отпорни на лекови... Се покажа дека канабисот има антимикробни ефекти врз туберкулозата и сличните микроби и ја спречува болеста пред нејзиното појавување, може да ја излечи, а исто така ги елиминира и непријатните симптоми од болеста


Лекувањето на ТБ не е едноставно и може да се појави повторување на болеста ако не се излечи правилно. Обично тоа се јавува кога препишуваните антибиотици се прекинуваат со употреба пред бактериите целосно да се искоренат. Во овие случаи, остануваат во организмот на пациентот најчесто најотпорните форми на бактеријата - оние со особено непропустливи клеточни ѕидови (M. tuberculosis е позната по своите дебели, восочни клеточни ѕидови), оние кои целосно мутирале. Овие еластични бактерии потоа се реплицираат и можат да се пренесуваат. Постојат докази дека постои помала веројатност од појавата на епидемии од ТБ кај здрави популации, тие се почести кај имунокомпромитираните лица, како што се пациентите со ХИВ / СИДА.


Откако инфекцијата со туберкулоза станала отпорна на лекови, стапката на морталитет генерално се зголемила на околу 80%. Сè уште има некои лекови кои можат да го лекуваат ТБ, вклучувајќи и некои форми на хемотерапија, но несаканите ефекти може да бидат многу лоши за долгорочното здравје на пациентот. Ако овие терапии со „втор ред“ се лошо управувани, MDR-ТB може да стане XDR-TB отпорна на лекови. Се проценува дека секоја година се дијагностицираат 40.000 случаи на TB и се чини дека преваленцата се зголемува: во 2008 година, 49 земји документирале случаи на XDR-TB. Стандардната BCG вакцина не е целосно ефективна против сите видови на ТБ. Така, итно се бараат нови вакцини и опции за лекување, а владите и меѓународните организации низ целата планета вложуваат пари во истражување и развој, а не сфаќаат дека лекот е одамна добро познат - канабис, уште во минатото оваа билка се користела за лекување на оваа болест.



Историјата на канабисот и ТБ

Долгата историја на употребата на канабисот, уште од почетокот на човештвото, особено за лекување на туберкулозата е документирана во многу делови од светот. Во некои случаи употребата на канабис како народен третман за туберкулозата до ден денес опстојува и покрај ширењето на современите медицински практики кои никако не можат да ја истиснат употребата на канабисот од народната медицина. Употребата на канабис како третман за туберкулоза за прв пат се евидентира во Индија и се чини дека е добро позната од времето на Indian Hemp Drugs Commission од 1893-1894. Комисијата го сослуша сведочењето за употреба на канабис за лекување туберкулоза и широк спектар на други состојби, како од индиските, така и од западните лекари, што укажува на тоа дека оваа практика е позната и во современа Европа.


Канабисот е важен елемент на традиционалната Африканска фармакопеја (African pharmacopoeia), а особено беше употребуван од страна на Зулус (Zulus) од Јужна Африка за лекување на разни болести на респираторниот систем, вклучувајќи астма, обична настинка и туберкулоза, која била третирана со специјално изработени декорации (инфузии со топла вода). Исто така, постојат извештаи за традиционалната употреба на канабис во Мексико како третман за туберкулоза и тоа со пушење канабис за да ги намалат симптомите. Се чини дека употребата во мексиканската народна медицина опстојува до денес, иако во модерните времиња туберкулозата е поверојатно да се третира со тинктура од канабис. Исто така, постојат извештаи за канабисот, дека се користи за третман на туберкулоза во традиционалната народна медицина во Аргентина.


Пред Втората светска војна во Чехословачка семето од коноп беше рутински употребувано како дел од програмата за лекување на деца заболени од ТБ. Семето од коноп се потопувало во топло млеко (60-80 °C) најмалку триесет минути, пред да се исфилтрира. Потоа, смесата се администрирала врз пациентот и секоја доза требала да содржи 375 ml млеко и да содржи 50-80 грама семе. Набљудувањата регистрирани во текот на речиси триесетина години во Jince Sanatorium во западна Чехословачка (сега дел од Чешка), покажаа дека третманот со млеко од семе од коноп обично резултира со значителни подобрувања и многу успешни ефекти, дури и во отсуство на други лекови. Се смета дека високата содржина на полинезаситени есенцијални масни киселини кои се наоѓаат природно во семето од конопот, едестин, се важни во третманот на ТБ. Докажано е дека туберкулозните бактерии се уништуваат побрзо кога високите нивоа на арахидонска киселина се присутни; арахидонската киселина се произведува во телото преку метаболизмот на линолеичната киселина, која се наоѓа во многу високи нивоа во семето од коноп.


Во 1950-тите години, истражувањата почнаа да обезбедуваат докази за значајните антимикробни својства на канабисот, а истрагите за неговата потенцијална употреба како третман за туберкулоза продолжија со својата сериозност, со ветувачки првични резултати. Во 1960 година беше докажано дека изолираната смола од канабис го спречува растот на M. tuberculosis и разни други бактериски патогени, дури и при разредувања од 1:150.000. Откривањето на специфичните канабиноиди беше во развој (CBD и CBN биле изолирани во 1940-тите, но ТХЦ и другите канабиноиди нема да бидат идентификувани до 1964 година) и како што светот почна да ги зајакнува законите против канабисот во 1960-тите и 1970-тите, истражувањата почнаа да стагнираат. Сепак, ЦБД се покажало дека врши специфични антимикробни својства, а со оглед на тоа што брзината на истражувањето почнала да се зголемува уште во 1990-тите.


Друга студија во 1960-тите открила дека смолата (екстрактот) од марихуана го спречила растот на бактериите на туберкулозата и други патогени. Истражувачите тогаш не знаеле многу за канабиноидите, но тие сметале дека антимикробните карактеристики на ЦБД се особено корисни и ефективни за третман на туберкулозата. Американското здружение за фармакогнозија (The American Society of Pharmacognosy) и Американското хемиско здружение (American Chemical Society) спроведоа студија за наоѓање на медицински пијалак високо ефективен во борбата против Staphylococcus aureus (MRSA) отпорна на метицилин, како и за други смртоносни бактерии отпорни на конвенционални лекови. Студијата покажа дека пет главни канабиноиди во марихуаната имале потентна антибактериска активност. Овие канабиноиди не само што беа успешни во борбата против MRSA и низа други опасни бактерии, туку и кај микобактериската туберкулоза отпорна на третман. Овие канабиноиди се:

  1. Cannabidiol (CBD)
  2. Delta-9-tetrahydrocannabinol (THC)
  3. Cannabigerol
  4. Cannabinol
  5. Cannabichromene

Денешните истражувања за микробиолошките својства на канабисот откриле значителен доказ дека врстите на пневмонија отпорна на лекови и MRSA се уништени од страна на погореспоменатите неколку канабиноиди: CBC, CBG, CBD и THC. Студија спроведена во 2011 година врз стаорци инјектирани со M. tuberculosis покажа дека последователниот третман со ЦБД во голема мера ја забавил прогресијата на болеста. Истражувачите заклучиле дека овој ефект бил посредуван од инхибиција на Т-клеточната пролиферација индуцирана од ЦБД (канабидиол) и овој канабиноид има директно бактерицидно дејство на М. туберкулоза и со тоа игра одредена улога во забавувањето на прогресијата на болеста.

Постојат значителни докази кои ја покажуваат врската помеѓу пушењето тутун и зголемениот ризик од туберкулозна инфекција, додека пак пушењето канабис има сосем спротивен ефект. Од друга страна, постојат значителни докази кои покажуваат дека ширењето на туберкулозата и другите заразни респираторни болести може да биде намалено со разни методи на консумирање канабис. Во случај на заедничка употреба на канабис преку џоинт или бонг, ризикот од пренесување може да биде голем, затоа не консумирајте канабис заедно со заболените од оваа болест и не престојувајте со нив во иста просторија.


Какви несакани ефекти и симптоми на туберкулозата можат да се лекуваат со медицинска марихуана?


Сè повеќе луѓе со ТБ се одлучуваат за медицински канабис за туберкулоза. Третманот на туберкулоза со канабис може да биде ефикасен за цела низа симптоми на ТБ, вклучувајќи:

  • Замор;
  • Болка во градите или болка при кашлање или дишење;
  • Гадење од фармацевтски лекови;
  • Стрес;
  • Депресија;
  • Анксиозност;
  • Ненамерно губење на тежината;
  • Губење на апетит;
  • Несоница;
  • Полесно искашлување и тн...


Најдобрите видови на марихуана за третирање туберкулоза и нејзините несакани ефекти

Во различни области ширум светот луѓето користеле третмани со марихуана за туберкулоза уште од историските времиња. Денес, во многу култури, луѓето сметаат дека канабисот е коренот на медицината за лекување туберкулоза и други нарушувања. Подолу се наведени пет видови на марихуана најмногу употребувани за ТБ од страна на пациентите:

  1. Charlotte’s Web (Sativa)
  2. Strawberry Cough (Sativa)
  3. ACDC (hybrid)
  4. Girl Scout Cookies (hybrid)
  5. Blue Dream (hybrid)

Марихуаната за третман на туберкулоза не е ограничена само на пушење. Најгенијален метод е кога канабисот или екстрактите ги додавате во вашата омилена храна/колачи, бидејќи канабисот предизвикува „munchies“ (отвора апетит, затоа што го забрзува метаболизмот) и може да им помогне на оние кои се борат со губењето на тежината и недостаток на апетит. Некои популарни методи за консумирање марихуана кај ТБ и други нарушувања/заболувања вклучуваат: чај, пушење, испарување, тинктури и тоници, јадења, балсами, восок и хашиш.

Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment