Tuesday, April 10, 2018

Нова канабис лепенка за третирање болки во нервите од фибромијалгија и дијабетес

Создадени се два нови лекови за болка од фибромијалгија и за третман на болки во нервите поради дијабетес од страна на компанија специјализирана за лекови базирани на канабис. Трансдермалната лепенка се поставува на кожата и лекот лесно преминува во крвотокот за третирање на болка од  фибромијалгија и дијабетична нервна болка

Лепенката ги лекува повредените места во телото. Во споредба со другите начини на внесување на лекови, како што се орално, топично, интравенски, интрамускулно, ректално и сл., патеката на лекување со трансдермални лекови е поповолна кај гореспоменатите дијагнози. Лепенката што се користи за третман на дијабетична нервна болка му овозможува на пациентот контролирано ослободување на лекот во телото на пациентот. Телесната топлина ги топи тенките слоеви од лекот вградени во лепилото, кои содржат екстракт од канабиноидна екстракција со висок процент на ЦБД. Овој екстракт полека навлегува во крвотокот преку капиларите, а потоа продира во централниот нервен систем на пациентот со што го ослободува од болките.


Извршниот директор на Cannabis Science, г-дин Рејмонд Ц. Дабни (Raymond C. Dabney) верува дека иднината на науката за канабис се базира на развојот на овие две нови фармацевтски медицински апликации. Компанијата се стреми да го зголеми капацитетот на земјиштето за раст и капацитетите за производство на сопствени производи за снабдување на научниците со сопственички материјали за да ги направат овие формулации. Од друга страна, компанијата за канабис е исто така зафатенa во истражување на повеќе потенцијални потреби за медицински апликации nа канабис и воведување на методи за испорака на овие лекови.

Се проценува дека фибромијалгијата влијае на 2% - 8% од популацијата, додека жените се двојно посклони да бидат погодени од болеста фибромијалгија. Луѓето со дијабетична нервна болка и фибромијалгија доживуваат хронична широко распространета болка и алармантна реакција на болка на притисок. Периферната невропатија (Peripheral neuropathy - PN) се смета за оштетување или болест што ги зафаќа нервите кои можат да го нарушат чувството, движењето, функцијата на жлездата или органот или други аспекти на здравјето во зависност од типот на нервите кои се засегнати.

CBD е вториот главен канабиноид во марихуаната по THC. Без психоактивни ефекти што ги носи ТХЦ, a има анти-воспалителни својства успешно ја елиминира болката. Г-дин Дабни, исто така, заклучува дека: „како што повеќе држави на национално ниво ја менуваат легислативата за легализација на канабис и лекови од канабис, тука во Cannabis Science, фокусот е на развојот на фармацевтски лекови и апликации за снабдување на огромната растечка побарувачка што се очекува во текот на следните неколку години“.


Автор: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment