Thursday, January 25, 2018

Канабидиолот од канабисот може да биде корисна состојка за лекување на психоза - тврди нова студија

Наодите од една нова студија за канабис укажуваат дека оваа билка не само што е добра за телото, туку добра е и за умот, духот, но и мозокот - психата во целост! Клучниот проблем во грижата за пациентите со психоза е тоа што тие често се колебаат да земаат антипсихотични лекови поради загриженост за несаканите ефекти - но, лекувањето базирано на канабис може да го промени ова

Канабисот лекува и спречува психоза!
Психијатриските пациенти третирани со супстанцијата пронајдена во канабисот, канабидиол, покажаа значително намалување на психотичните симптоми и исто така, е поверојатно да бидат оценети како „подобрени“ од страна на нивниот психијатар - покажува една најнова студија. Психотичните нарушувања влијаат на 2-3 проценти од популацијата. Тие обично започнуваат во раните зрели години и симптомите можат да бидат доживотни. Пациентите обично доживуваат параноја, халуцинации и недостаток на мотивација. Главниот третман за психоза е антипсихотичен синтетички лек, кој беше првата линија на третманот од 1950-тите. Овие лекови обично се делумно ефикасни, со низа трајни оштетувања од несаканите последици, зависност и кај околу една третина од пациентите воопшто не делуваат.



Нова класа на третман

Антипсихотичните лекови дејствуваат со блокирање на допаминските рецептори во мозокот. Сепак, допаминот не е единствениот невротрансмитер чија функција е изменета за време на психоза. И кај некои пациенти, функцијата на допамин дури може да биде релативно нормална. Значи, постои потреба од нови лекови кои се насочени кон други невротрансмитерни системи кои се вмешани при појавата и развојот на оваа ментална состојба. Претходните истражувања на Кралскиот колеџ во Лондон (King’s College London) покажаа дека канабидолот (ЦБД), супстанца пронајдена во канабисот, има широко спротивни ефекти врз функцијата на мозокот и врз симптомите на главното психоактивно соединение во канабисот, делта-9-тетрахидроканабинол (THC). ЦБД ги намалува непријатните ефекти од големите количини на ТХЦ, особено истакнати кај некои почетници. Ова сугерира дека ЦБД би можело да биде корисно како третман за психоза и други нарушувања во менталното здравје. Оваа студија, објавена во American Journal of Psychiatry, е прва плацебо-контролирана клиничка студија на ЦБД кај пациенти со психоза.


Поздравче од Велес ^_^
Филип Мекгиер (Philip Mcguire) е професор по психијатрија на Кралскиот колеџ во Лондон. „Ние на испитување дадовме 88 пациенти со психоза или ЦБД или плацебо во период од шест недели заедно со постојаните антипсихотични лекови“ - велат истражувачите. Пред и по третманот, истражувачите го оценија нивото на психотични симптоми и психијатарот на пациентот ја оцени нивната состојба во целост. Ниту истражувачите, ниту психијатрите не знаеле дали пациентите примале ЦБД или плацебо. Имаше намалување на симптомите кај пациентите третирани со ЦБД, а клиничарите во потрага по нив мислат дека тие се подобрија. Стапката на можни несакани ефекти кај пациентите кои биле третирани на ЦБД не била повисока од кај пациентите кои биле третирани со плацебо.


Иако сè уште е нејасно точно како функционира ЦБД, знаеме дека дејствува на поинаков начин од антипсихотичните лекови, па затоа може да претставува нова класа на третман. Отсуството на несакани ефекти е исто така потенцијално важно, бидејќи клучен проблем во грижата за пациентите со психоза е тоа што тие често се колебаат да земаат антипсихотични лекови поради загриженост за несаканите ефекти и поради страв да не станат зависници. Следните чекори се да се спроведат поголеми испитувања на ЦБД за да се потврдат овие почетни ветувачки наоди и да се процени ефективноста на ЦБД кај други пациенти.


Автор: Кристина Т.

No comments:

Post a Comment