Monday, December 25, 2017

Дознајте повеќе за актуелниот „Open Cannabis Project“ за заштита на биодиверзитетот на оваа билка

Отворениот канабис проект (The Open Cannabis Project - OCP) е истражувачки проект со непрофитна цел предводен од општеството, со едноставна мисија: да се одбрани богатството и разновидноста на канабисот од претераните патенти! Да помогнеме со класификацијата на врстите на канабис за заштита на биодиверзитетот

https://opencannabisproject.org/
Децениите на внимателно раководење и вкрстување на врстите го направија канабисот една од најразновидните и најинтересните растенија во светот. Растечкиот бран на легализација и конкуренцијата на интелектуалната сопственост што доаѓа со неа - може да имаат ненамерни последици од стеснување и ограничување на различноста на оваа билка. OCP гради транспарентен и отворен извор со складиште од податоци за канабис коишто еден ден ќе прераснат во архивски запис на сите постоечки вариетети на канабис. Ова помага тие да останат достапни за сите, неограничени со комерцијализацијата или патентирањето, слободни за секој да си расте и продава.

Канабисот е во опасност да оди по патот по кој одеа и другите земјоделски култури: кон монокултура, централизација и рестриктивно патентирање. Отворениот канабис проект (OCP) беше основан од лидерите во индустријата, да се спротивстават на овие сили и да ја заштитат генетската разновидност на билката канабис, како и економската разновидност на канабис индустријата. „Како колективен доказ за претходната уметност, базата на податоци на OCP и нашата препорака за јавна документација за канабис ќе помогне во одржувањето на канабис сортите каде што припаѓаат: во јавен домен, бесплатно за секој да одгледува/вкрстува и да расте“ - пишува на страницата на OCP.

Канцеларијата на САД за патенти и трговски марки (US Patent and Trademark Office - USPTO) започна со доделување патенти за сортите на канабис. Земјоделските патенти генерално се лоши за животната средина, за земјоделците и за иднината на самите култури. За канабисот и одгледувачите, тие се катастрофа! Првите патенти за канабис издадени од USPTO се вид на преголема широка патентна заштита која ги убива иновациите, наместо да ги поттикнува! 

Тие се викаат патенти за користење и тие не ги опфаќаат сединечните сорти: покриваат огромни категории на канабис. Што значи дека само неколку такви патенти потенцијално би можеле да го затворат целиот канабис. USPTO не може законски да додели патенти што ќе ги покриваат постојните сорти - но мора да има доказ дека тие постојат. „Ние можеме да го блокираме овој процес со обезбедување на овој доказ: документирање на генетски и хемовар податоци за сите видови на канабис кои постојат во денешно време“ - истакнуваат основачите на овој проект.


Ова се нивните вредности:


1. Отвореност и транспарентност

Ние веруваме дека транспарентното и неограничено споделување на информации е клучно за заштита на биодиверзитетот на канабисот. Наша должност е да создадеме отворен дијалог и да се спротивставиме на секој пристап кој ја задушува соработката или му штети на биодиверзитетот.

2. Инклузивност

Ние веруваме дека културно и економски разновидната канабис индустрија е од клучно значење за да се осигураме дека ќе го отвориме целосниот потенцијал на оваа уникатна билка. Луѓето не се монокултура, ниту, пак е канабисот.

Да го заштитиме канабис биодиверзитетот!
3. Иновации

Храброста и немилосрдната љубопитност на единствена група луѓе денес помогна во обликување на нашата врска со канабисот и ќе се бориме за законска рамка која го поттикнува овој дух на иновации.

4. Практики базирани на докази

Неопходно е да се земе информиран, научен пристап кон проучувањето на колку што е можно повеќе видови на канабис. Ние се залагаме за овој пристап кај научниците, одгледувачите, земјоделците, пациентите и медицинските професионалци.


На OCP им е потребна твојата помош! 

Отворениот канабис проект е во потрага по вистинските луѓе коишто ќе им помогнат во нивните напори при создавањето на канабис базата на податоци. Можете да дознаете повеќе на овој линк. „Ни требаат доброволци, програмери, одгледувачи, научници за податоци, адвокати и лаборатории за да ни помогнете да се собере и заштити разновидноста на канабисот. Можете ли да помогнете? Вклучете се! Направете донација или контактирајте нè преку формуларот подолу“ - пишува на веб-страницата на OCP.

Автор: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment