Thursday, December 21, 2017

Швајцарија започна со производство на легален хашиш!

Изгледа, има вкус и се дава чувство како нелегалното чудо. KannaSwiss врши транспорт на цигли од легален хашиш во форма на жетони и други производи од канабис кои се потентни, но легални во поголем број земји

Швајцарија е родното место на модерниот фармацевтски сектор, кој беше создаден од хемиските производители во земјата, односно фармацевтските гиганти како Roche and Novartis. Сега, Швајцарија го раздува новиот пат и стартуваше на нов начин со тоа што на пазарот воведе нов различен лек: законски хаш и производи од марихуана. KannaSwiss, компанија основана во 2014 година, веќе произведува марихуана која ги исполнува законските норми на Швајцарија, кои содржат не повеќе од 1% тетрахидроканабинол, познат како ТХЦ, психоактивната состојка која ви дава хај. Сега, исто така, таа ќе направи хашиш или хаш за швајцарскиот пазар, со планови да се прошири и во други земји што значително ќе ги олабави законите за дроги и канабис.


Нејзините производи имаат прилично ниски нивоа на ТХЦ, но содржат канабидиол, екстракт од индустриски конопни растенија. Некои велат дека соединението, наречено CBD, го смирува нервниот систем, делува антивоспалително и понекогаш се користи за лекување на болести како стрес и епилепсија. Компанијата, која се наоѓа околу 45 минути западно од Цирих во градот Коликен, ги продава своите производи во киосци, специјализирани продавници во швајцарските градови од Женева, до Берн, па сè до Лугано. KannaSwiss се надева дека ќе стане меѓународна фирма со своите легални производи. Компанијата прави хаш произведен од полен од своите ниско-потентни растенија. Борис Блатник (Boris Blatnik), главен стратешки менаџер на компанијата, вели дека хашот на КанаСвис го има истиот изглед, вкус и дава чувство како нелегалниот хашиш со високо ниво на THC. Хашот чини 50 швајцарски франци (50.4 долари) по 5 грам, според веб-страницата на компанијата.

Внатре во стаклената градина, исечоците се земаат од „мајките“ растенија за да се направат клонови. Основачите на компанијата инвестирале околу 500.000 швајцарски франци (509.000 долари) до крајот на 2016 година во производните капацитети. Иако Швајцарија почна да дозволува производство на марихуана со 1% или помалку ТХЦ во марихуаната во 2011 година, побарувачката за лековити производи само што навистина започна во 2017 година. Бројот на легални производители на марихуана во Швајцарија експлодира од само 5 во јануари 2017 година на повеќе од 400, според швајцарскиот весник Tages Anzeiger. Швајцарската Федерална царинска управа предвидува продажба на 60 милиони швајцарски франци (61 милион долари) за индустријата во 2017 година. Тоа се споредува со традиционалната продажба на нелегална марихуана од околу 800 милиони франци. KannaSwiss има околу 6.000 растенија во својата стаклена градина. Секоја годишна берба произведува околу 1 тон лисја и туфки. Компанијата, исто така, одгледува конопови растенија од отворените полиња во Шпанија.

Работниците, ангажирани за сезоната, ги сечат растенијата и одделуваат цвеќињата од канабис или туфки. Жетвата се одвива еднаш годишно во есен неколку недели. По осум или девет недели на раст, процесот на сушење и кјуринг трае уште две до три недели. Швајцарските компании произведоа околу 50 тони легална трева во 2017 година, според проценките на Blatnik, а побарувачката на локалниот пазар е само околу 12 тони. „Постои огромен вишок и сите овие одгледувачи сега паничат“  - вели Блатник. KannaSwiss ангажирале хемичар од голема фармацевтска компанија за да развие метод за извлекување CBD од индустриски конопни растенија. Компанијата произведува околу 3 килограми ЦБД масло дневно, како и ЦБД марихуана, КБД течност и ХСБ хаш. KannaSwiss произведува околу 100.000 клонови месечно за швајцарскиот пазар, кои тие ги продаваат, вели Блатник. Нивното CBD масло се продава низ целиот свет. Владите во Австрија и Италија ги зголемија дозволените нивоа на ТХЦ, а KannaSwiss, исто така, ќе ги таргетира овие пазари со својата легална марихуана.

Клоновите на канабисот растат во затворена стаклена градина откако ќе бидат исечени од мајката. Ова е брз начин да се направат и продадат нови растенија. Хашишот се произведува со извлекување на полен (киф) од растенијата. Суровите состојки се пресувани во цигли. Вкупната продажба се зголеми за 15 пати оваа година во споредба со последната, вели Блатник. Блоковите од хаш се вакумски запечатени. KannaSwiss вели дека го надгледуваат секој дел од самиот процес. „Ние контролираме сè, од семе до полица“ - вели Блатник. Тој одби да ги открие приходите или профитот. Блатник, вели дека KannaSwiss ќе понуди различни нивоа на ЦБД во хашот од 10% до 60%, нивоа кои сега се легализираат во Швајцарија. Ќе има различни вкусови за да изберете. Производот се пуши како традиционален хаш, често во џоинт мешан со тутун. KannaSwiss работи со партнери за производство на „нутритивни“ CBD производи, термин за додатоци во исхраната и медицински производи како што се кремови или масти.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Bloomberg






No comments:

Post a Comment