Sunday, December 10, 2017

Дали навистина Бугарија го легализираше одгледувањето канабис?

Во медиумите првично беше објавена информацијата дека во Бугарија се легализираше одгледувањето канабис и дека таму канабисот засејан на нива до илјада хектари е легален, а земјоделците може да го произведуваат со дозвола на надлежното министерство. Одгледувањето марихуана во Бугарија навистина не е легализирано. Ова беше изјавено за OFF News од Министрерството за земјоделство, храна и шумарство (МЗХГ) по повод објавите коишто го тврдеа спротивното

Министерството за земјоделие ќе издава посебни дозволи за посев и одгледување на канабис, кои ќе важат една година и ќе им овозможат на земјоделците да одгледуваат само една култура на претходно определена површина“ - изјави Стефка Дамјанова, претставник на Министерството за земјоделие. Таа вели дека производството е регулирано со нацрт уредби објавени на веб страницата на министерството. „Канабисот во Бугарија е легално засаден на повеќе од илјада хектари“, вели Дамјанова за Буграското национално радио. Таа додава дека земјоделецот по сеењето е должен да ја извести надлежната полициска управа. Многу земји на светот веќе ја легализираа употребата на марихуаната во медицински цели, а меѓу нив и Австрија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Холандија и други.


Ајде да видиме што навистина се случува во Бугарија?

Министерството за земјоделство навистина пушти нов предлог-закон што ќе го регулира одгледувањето коноп. Тој сепак, само се синхронизира со евродирективите и во пракса ги повторува само барањата коишто беа на сила во оваа земја од 2001 година. Предлог-законот на Министерството за земјоделство и шумарство го регулира одгледувањето коноп за земјоделски цели - сточна храна, влакна итн., но само за врстите со количество на психоактивната состојка тетрахидроканабинол THC под 0.2%, слично како кај нас. Овие врсти на канабис не се наменети за пушење, сепак од нив може да се направи лек (екстракт) за одредени заболувања. Моментално во Бугарија, областите со дозволени врсти канабис се над 1000 декари секоја година. 

Фармерите коишто ја произведуваат оваа култура се предмет на строга контрола од страна на властите и имаат низа задолжителни папирологии што треба да ги завршат со администрацијата. Тие аплицираат во Министерството, добиваат дозволи за садење и го известуваат Министерството за внатрешни работи. Содржината на психотропната состојка е предмет на контрола. Ако тетрахидроканабинолот е над 0,2% од тежината, произведените количини се уништуваат. Одгледувањето марихуана за која било друга цел - козметичка, медицинска или лична употреба - е забрането. Истото важи и за увозот и извозот на семе и лисна маса од билката. Исклучоци се дозволени за мали количини наменети за истражувачки цели, се вели во Законот за контрола на наркотици.


Условите за аплицирање и одгледување индустриски коноп ќе им бидат достапни на граѓаните на веб-страницата на Министерството за земјоделие. Секој кој сака да посади канабис ќе мора покрај Министерството за земјоделие, да го извести и Министерството за внатрешни работи. Локалните портали тврдат дека продавниците со здрава храна во Бугарија продаваат семки од коноп коишто не содржат THC, познати како вреден извор на омега-6 и омега-3 и 9 масни киселини, витамини и минерали. Тие може да се додадат во разни јадења и салати. 

Автор: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment