Monday, November 27, 2017

Здружението БИЛКА нè поканува на научна трибина на тема: „Легализација на канабис - ДА или НЕ?“

На 12.12.2017 година (вторник) со почеток во 12:00 часот на научно-наставничкиот совет при Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје (сала за научно-наставнички совет на Правен факултет Јустинијан Први Скопје), ќе се одржи научна расправа (панел дискусија) на тема: „Легализација на канабис, да или не?

Кликни на сликава!
Научната расправа е во организација на Здружението за ослободување на канабисот и зелени политики „БИЛКА“ - Скопје и Здружението на млади кривичари. На панел дискусијава петмина панелисти во состав: еден адвокат, еден судија, еден обвинител и двајца професори ќе ги изнесат своите ставови на темата со вклучена интеракција од публиката. Агендата на настанов можете да ја превземете тука. Еве го линкот до евентот на Фејсбук. „Заедно со Young Penalists Association of Macedonia (Асоцијацијата на млади пеналисти во Македонија - НВО) ги здруживме силите организирајки ја оваа научна дебата, а во насока на легализација/декриминализација на канабисот во Македонија“ - истакнуваат од Билка.

Здружението Билка се залага за целосна декриминализација на Канабисот и за унапредување на животната средина, преку едукација, проекти, активизам. За деталите околу овој величествен настан можеме да дознаеме од мини интервјуто со еден од оснивачите на Билка, адвокатот Јанаки Митровски за Glasnik.mk по повод претстојната научна расправа: Дали да се легализира употребата на канабисот или не? - претставува прашањето за коешто ќе зборуваат универзитетски професори, адвокат, обвинител и судија. 

Агендата за настанов - клинки на сликава!
Јавноста ќе има можност да ги слушне аргументите зошто да или зошто не, да поставува прашања и да се информира за оваа тема која во западноевропските држави веќе се решава со законско одобрување за употреба на канабисот. Досега, во Македонија оваа тема во јавноста најчесто добиваше третман кога се однесуваше на медицинската употреба на канабисот. Законските измени коишто се случија минатата година за многумина беа проформа и имаа димензија на фармацевтски монопол. Ве покануваме на оваа дебата! Споделете! Од секој од нас зависи колку брзо ќе се случи промената!


Првенствено ќе престане стигматизацијата и криминализацијата  на уживателите на канабисот. Секундарно, се очекува намалување на употребата на т.н. hard drugs, но за целосен ефект во тој правец нужна е и декриминализација на сите наркотици. Со самото намалување на употреба на тешките наркотици неизбежно ќе дојде до намалување на пропратните кривични дела-кражби, тешки кражби, разбојништва и сл. како и намалување на кривичните дела по член 215-продажба на наркотици со што ќе се олабави и пренатрупаниот затворски систем. Не се занемарување и економските придобивки доколку државата ја преземе улогата на надзор преку својот даночен систем. Една од главните заложби на БИЛКА е дозволена рекреативна употреба на канабис, а оданочените средства задолжително да се алоцираат за медицински третман со канабис на оние кои тоа не можат да си го дозволат“ - заклучува Митровски за порталот Гласник.


No comments:

Post a Comment