Friday, September 29, 2017

Сè повеќе пациенти со канцер одбираат канабисово масло наместо хемотерапија

Од дамнешни времиња е познато дека канабисот покрај антиинфламаторни има и антиканцерогени својства. Нова научна студија открива изненадувачки факти за употребата на канабисот кај пациентите со канцер. Оваа нова студија спроведена во центарот за канцер во една држава со легализирана медицинска и рекреативна марихуана, откри дека околу една четвртина од анкетираните пациенти користеле марихуана во изминатата година, главно поради физички и психолошки симптоми. Објавено порано на интернет во гласникот CANCER, рецензирано списание од Американското здружение за рак (American Cancer Society), студијата исто така покажа дека легализацијата ја зголеми веројатноста за зголемена употреба на канабис помеѓу пациентите.


Осум американски држави и Дистриктот Колумбија ја легализираа рекреативната употреба на марихуана, а над половина од државите во САД донесоа закони кои дозволуваат медицинска марихуана во некоја форма. Поради тоа што достапноста и прифаќањето на користењето на марихуаната продолжува да расте, многу пациенти со рак ќе имаат поголем пристап до марихуана за време на нивниот третман. Марихуаната во форма на екстракт од канабис (масло) не само што ги олеснува симптомите поврзани со лекувањето канцер, туку ги уништува канцерогените клетки оставајќи го останатото ткиво дури и поздраво од претходно. Ова е така поради тоа што THC заедно со другите канабиноиди ги напаѓаат генетски измутираните клетки на ракот, а останатите ги регенерираат. Докажано е исто така и тоа дека марихуаната ја поттикнува неврогенезата


За да се истражи ова повеќе, д-р Стивен Паргам (Steven Pergam) од Центарот за истражување на ракот на Фред Хачкинсон (Fred Hutchinson Cancer Research Center) и неговите колеги, испитуваа 926 пациенти од Алијансата при центарот за рак во Сиетл. Тимот откри дека повеќето пациенти имале силен интерес за да се едуцираат за канабисот за време на третманот, а 74% побарале информации од специјализираните лица за нега на пациентите со рак. 66% користеле марихуана во минатото, 24% користеле во текот на минатата година, а 21% користеле во последниот месец. Најактивните корисници пушеле или консумирале марихуана првенствено за физичките симптоми (како што се болка и гадење) или психолошки причини (како што се справување со стрес, депресија и несоница), како и за лекување на оштетувањата од конвенционалните третмани за канцер, како хемотерапија и зрачење. Студијата објави дека случајната анализа на примероците на урина од пациенти покажала дека 14% имале докази за неодамнешна употреба на канабис, слично како и 18% од корисниците кои пријавиле употреба во изминатата недела.


Иако скоро сите испитаници сакаа да добијат повеќе информации за канабис-терапијата директно од своите лекари, повеќето истакнаа дека имаат поголема веројатност да добијат информации од извори надвор од здравствениот систем. „Пациентите сакаат, но не добиваат информации од онколозите за употребата на марихуана за време на нивниот третман, па многу од нив бараат информации од алтернативни не-научни извори. Се надеваме дека оваа студија помага да се отвори вратата за повеќе студии за проценка на ризиците и придобивките од марихуаната кај оваа популација. Ова е важно бидејќи ако не ги едуцираме нашите пациенти за марихуаната, тие ќе продолжат да ги добиваат своите информации од друго место“ - вели д-р Пергам.


Еве како изгледа просечна канабис терапија. 60 мл масло за 3 месеци. За потешки случаи, особено пациенти после хемотерапија пожелно е да се зема многу повеќе од ова. Како полесно да стигнете до грам дневно погледнете на следниов линк: goo.gl/TkD2gb





Автор: Monique Konopova
Извор: Analytical Cannabis

No comments:

Post a Comment