Tuesday, September 12, 2017

Хронологија на употребата на канабисот од дамнешни времиња до забраната



Канабисот се користи од дамнешни времиња и првите докази за тоа датираат уште од почетоците на цивилизацијата. Од тогаш сè уште никој не починал од редовна, па и од прекумерна употреба на оваа најлековита билка што здравјето и животот го враќа назад, особено кога некој е на смртна постела...

Цивилизацијата започнала со употреба на канабис!
6.000 п. н. е. - конопови семки и масло од канабис биле употребувани за исхрана во Кина;

4.000 п. н. е. - текстил од коноп бил употребуван во Кина и Туркменистан;

2.737 п. н. е. - првата регистрирана употреба на канабис за медицински употреби од императорот Shen Neng од Кина;

2.700 г. п. н. е. - кинескиот имератор Nung Said ги открива лековитите својства на канабисот. Според старата кинеска легенда, императорот Nung Said се смета за татко на кинеската медицина ги открива лековитите својства на канабисот покрај двата основни природни кинески лекови женшен и ефедра;

2.000 - 800 п. н. е. - Бханг (сушени листови од канабис, семки и стебло) се споменува во хиндускиот текст Артававеда (наука на уроци) како „света треве“, како едно од петте свети расенија во Индија. Се користела медицински и ритуално како подарок за Шива; 

1.500 години пред наша ера - најраните пишани докази за медицинска употреба во кинеската фармација;

1.500 п. н. е. - канабисот бил култивиран во Кина како храна и растително влакно, а скитите (номадско племе) го употребувале канабисот за да ткаат конопови крпи;

1.213 години пред наша ера - Египјаните  го користат канабисот за глауком (болест на очите - обично како резултат на зголемен интраокуларен притисок), анемија (слабокрвност), воспаленија.  Имено полен од канабис е пронајдено во мумифицираното тело на Рамзес II;

1000 години пред наша ера - Бханг добро познатиот пијалак од канабис и млеко кој во Индија сè уште се користи како анестетик. Канабисот почнува да се користи во Индија за лекување на бројни болести;

700 - 600 п. н. е. - во древниот персиски верски текст од неколку стотици тома кој се однесува на бхан канабисот го опишува како „добар наркотик“;

700 години пред наша ера - медицинската употреба на канабисот на Блискиот Исток била применета;

600 години пред наша ера - индиската медицина го употребува канабисот како лек против лепороза. Луѓето веруваат дека канабисот е лек за долговечен живот, го забрзува метаболизмот, ги намалува треските;

600 п. н. е. - се употревуваат конопови јажиња во Јужна Русија;

700 - 300 п. н. е. - скитските племиња оставале семки од канабис како жртва во кралските гробници;

430 п. н. е. - Херодот укажувал за ритуалното и рекреативно користење на канабисот од страна на скитите;

200 години пред наша ера - медицинска употреба на канабисот во Античка Грција за воспаленија, повреди...

200 п. н. е. - конопови јажиња биле употребувани во Грција. Кинеската книга за ритуали споменува и ткаенина од коноп;

100 п. н. е. - прв пишан доказ за хартија од коноп произденен во Кина;

100 - 0 п. н. е. - психотропните својства на канабисот се спомнувале од Пен Цао Чинг;

30 години по нашата ера -  Исус употребува масло од канабис како лек за смирување, лекување лепрозни, епилептични итн.

23-79 - во Pliny the Elder's The Natural History се споменува за коноповото јаже и аналгетските ефекти на марихуаната;

47-127 - Плутарх ги споменувал Тракијците кои употребувале канабис како апсорпција;

70 - Диоскорид (грчки лекар, фармацевт, ботаничар и автор) кој  работел како лекар во римската армија користи медицинска марихуана за третирање на неговите пациенти;

100 - Се увезуваат конопови јажиња во Англија;

105 - легендата вели дека Ts'ai Lun го измислил процесот за изработка на конопова хартија во Кина;

130-200 - грчкиот лекар Глен ја препишувал медицинската марихуана како лек;

200 - првата Фармакопеја на Исток наведувала медицинска марихуана. Кинескиот хирург Хуа Т'о користел марихуана како анестетик;

300 - една млада жена во Ерусалим употребила медицинска марихуана за време на породувањето;

570 - Француската кралица Арнегунде била погребана со коноп;

500-600 - Еврејскиот Талмуд ги споменувал својства на канабисот;

850 - Викинзи увезле конопово јаже и семе во Исланд;

900 - Арапи учеле техники за правење конопна хартија;

900-1000 - Научниците дебатирале за позитивните и негативните страни на јадењето хашиш;

1000 - Конопови јажиња се употребуваат на италијанските бродови;

1090-1124 - во Персија Hasan ibn al-Sabbah ги регрутира неговите следбеници да извршат „aтентати“ легендата вели дека се развила за нивната употреба на хашиш. Оваа легенда била една од најраните пишани приказни за откривањето на моќта на канабисот и употребата на Хашишот. Пушењето канабис станува популарно во Блискиот Исток;

1155-1221 - Персиска легенда збори за личното откритие на марихуаната од Шеик Хајдар за канабисот и неговото наводно откривање на хашиш, со тоа што се проширило во Ирак, Бахреин, Египет и Сирија. Ова е уште еден од најубавите пишани приказни за употребата на канабисот кој за жал е сè уште е неистражен;

1171-1341 - за време на династијата Ayyubid во Египет, канабисот бил воведен од страна на  мистични приврзаници од Сирија;

1200 - во оргиналната книга „1001 ноќ' (арапска колекција на приказни) се опишува ат опонирачките и афродизијачните својства на хашишот;

1271-1295 - на своите патувањата Марко Поло, читал делови од приказната на Hasan ibn al-Sabbah и неговите „атентатори“ кои користеле хашиш. Ова бил прв случај да се обрне внимание на канабисот во Европа;

13-ти век - била напишана најстарата монографија за хашишот Zahr al-'arish fi tahrim al-hashish. Оттогаш за жал е изгубена воедно и арапските трговци го донесуваат канабисот до брегот на Мозамбик во Африка;

1300 - етиопски лулиља кои содржат марихуана сугерираат дека билкава се ширела од Египет до остатокот од Африка;

1456  - Јохан Гутенберг ја испечатил првата Библија (Свето писмо) која била направена од коноп;

1494 - Печатењето на конопова хартија било многу популарно во Англија;

1526 - Бабурнама, првиот цар и основач на Империјата на Моголи, научил за употребата хашиш во Авганистан;

1532 - Француските лекари спомнуваат за позитивните ефекти од користењето на марихуаната;

1535 - Хенри VIII наредил на земјопоседници 1/4 од обработилвата површина да биде засадена со коноп во спортивно тие ќе биле казнети; Конопот почнува да се користи како средство за плаќање даноци;

1545 - Kонопови семки биле садени во Чиле;

1549 - Анголските робови донеле канабис со нив на плантажите за шеќер во североисточниот Бразил. Ним им било дозволено да го засадат канабисот помеѓу редови на трска и да  пушат за време на жетвата;

1550 - во епската поема Benk u Bode поетот Mohammed Ebn Soleiman Foruli од Багдад се занимавал со дијалектичка битка меѓу виното и хашишот;

1563 - португалскиот лекар Гарсија да Орта известувал за лековитите ефекти на марихуаната;

1578 - кинеската писателка Ли Ши-Чен пишувала за антибиотиците и позитивните ефекти од користењето на марихуаната;

1600 - Англија почнала да увезува коноп од Русија;

1606-1632 - Французите и Британците го култивирале канабисот во нивните колонии во Порт Ројал (1606), Вирџинија (1611) и Плимут (1632);

1616 - доселениците во Џејмстаун почнале да го одгледуваат конопот поради невообичаено силните влакна и го користеле за да направат јаже, едра и облека;

1621 - анатомијата на Бартон на меланхолија сугерирала дека марихуаната може да ја излечи депресијата;

1600-1700 - употребата на хашиш, алкохол и опиум се ширела помеѓу населението на окупираниот Константинопол. Хашишот станал главна трговска единица помеѓу Централна Азија и Јужна Азија;

1753  - Kарл Линеус го класифицирал канабисот сатива;

1764 - медицинската марихуана се појавува во диспанзериите (Здравствена установа за амбулантно лекување и контрола на болните и за спречување на ширење заразни болести)  во Нова Англија;

1776 - населението во Кентаки почнало да одгледува коноп;

1794 - медицинската марихуана се употребувала во клиника во Единбург;

1798 - Наполеон открива дека голем дел од египетската пониска класа вообичаено користи хашиш. Војниците што се враќале во Франција ја носеле со себе традицијата, па затоа тој изјавува целосна забрана;

1800 - плантажи со марихуана цветале во Мисисипи, Џорџија, Калифорнија, Јужна Каролина, Небраска, Њујорк и Кентаки. Исто така, во текот во овој период, пушењето хашиш било популарно низ Франција и во помал дел во САД. Производството на хашиш се проширило од рускиот Туркестан во Јарканд во кинескиот Туркестан;

1840 - во Америка, постоеле медицински препарати на база на канабис. Хашишот бил достапен во персиските аптеки;

1842 - Ирскиот лекар O' Shaughnessy објавил истражување за канабисот во англиски медицински списанија;

1843 - година францускиот автор Gautier го создал првиот Хашиш клуб;

1846 - францускиот лекар Moreau ja објавил книгата „хашиш и менталната болест“;

1850 - канабисот бил додаден во Фармакопејата на САД;

1850-1915 - марихуаната била широко употребувана низ САД како медицински лек и лесно можела да се купи во аптеките и низ пазарите;

1856 - британскиот данок бил во „ganja“ и „charas“ во Индија;

1857 година - американскиот писател Ludlow ја објавил книгатa „Јадачот на хашиш“;

1870-1880 - први извештаи за пушењето хашиш на грчкото копно;

1890 -  грчкото министерство за внатрешни работи забранило одгледување и употреба на хашиш. Хашишот бил нелегален во Турција. Сер Џ. Р. Рејнолдс, главниот лекар на кралицата Викторија и препишувал медицинска марихуана;

1893-1894 - издаден бил извештај за заедничка благосостојба на дрога во Индија. 70.000 до 80.000 килограми годишно хашиш легално се увезувало во Индија од Централна Азија;

1906 - во САД се донесол Законот за чиста храна и лекови, кој го регулирал етикетирањето на производи кои содржат алкохол, опијати, кокаин и канабис;

1910 - Мексиканската револуција предизвикала прилив на мексикански имигранти кои ја вовеле навиката за рекреативна употреба (наместо тоа, обично била медицинска употреба) кај американското општество;

1914 - Законот за Харисон во САД ja дефинирал употреба на марихуана (меѓу другите дроги) како криминал;

1916 - научници од Министерството за земјоделство на САД, Џејсон Л. Мерил и Листер Х. Деви, создале хартија направена од коноп, за која тие заклучиле дека е поповолна во споредба со оние хартии што се прават од дрво;

1915-1927 - во Америка се забранува рекреативна употреба на канабис. Забраната најпрво започнала во Калифорнија (1915), Тексас (1919), Луизијана (1924) и Њујорк (1927);

1919 - 18-тиот амандман на Уставот на САД го забранил производството, продажбата и транспортот на алкохолот и позиционираната марихуана наведувајќи дека тоа е „дрога“;

1920 - Грчкиот диктатор Јоанис Метаксас сакал го уништи пушењето на хашиш. Хашиш се шверцувал во Египет од Грција, Сирија, Либан, Турција и Централна Азија. Раните 20ти - Пушењето хашиш станало популарно во Средниот Исток;

1924 година - руските ботаничари го класифицирале третиот посебен вид, како уште еден голем вид од ова семејство, Cannabis ruderalis;

1926 - либанското производство било забрането;

1928 - во Велика Британија била забранета рекреативната употреба на канабис;

1930 година - регионот Yarkand извезол 91.471 кг хашиш законски во северозападниот дел на границата и Пенџаб регионите на Индија. Законскиот оданочен увоз на хашиш продолжил во Индија од Централна Азија;

1933 - Конгресот на САД го укинал 21-тиот амандман, со завршување на забрана за алкохол; 4 години подоцна, забраната за употреба на марихуаната била во целосна примена, без разлика дали е медицинска или рекреативна;

1934-1935 - Кинеската влада забранила било каква употреба на канабис. Производството на хашиш станало нелегално и во кинескиот град Туркестан;

1936 - американскиот пропаганден филм Reefer Madness бил направен за да ја исплаши американската младина за рекреативната употребата на канабисот. 


Автор: Симона Гаврилоска
Извор: Advanced Holistic Health

No comments:

Post a Comment