Monday, August 28, 2017

Редовното пушење џоинт може да го намали ризикот од мозочен удар!

Науката тврди дека редовното консумирање канабис може да го намали ризикот од мозочен удар! Голема научна студија објавена овој месец во зборникот Neuropsychopharmacology, сугерира дека редовната употреба на канабис по пат на пушење е поврзано со значително намален ризик од појава на мозочен удар. Ова истражување било спроведено на 74 корисници на канабис и 101 некорисници, велат Herb

Со канабис против мозочен удар!
Испитаниците кои се одбрани за оваа студија биле редовни консументи на оваа билка, повеќето од нив секојдневни пушачи на канабис. Значи сите ја консумирале билката во својот живот над 5.000 пати. Откако им била направена магнетна резонанца, истражувачите откриле дека на снимките кај корисниците на канабис се гледало поголема фракција на екстракција на кислород (OEF) и церебрална метаболна стапка на кислород (CMRO2). OEF го мери процентот на кислород отстранет од крвта и до околните ткива. Церебралната метаболна стапка се однесува на способноста на мозокот да ја оксидира глукозата (шеќерот) за енергија. 

Кога количеството кислород до мозокот е прекинато, како на пример во случај на мозочен удар, мозокот не може да ја користи глукозата за енергија и лицето може да изгуби свест за 5-10 секунди. Неколку минути без кислород предизвикуваат трајни оштетувања на мозокот, а во краен случај престануваат мозочните функции и настапува смрт. Повеќето кислород што патува до ткивата и подобрената способност да се користи кислородот за да се произведе енергија, драстично би го намалиле ризикот од појава на мозочен удар! Како што оваа студија објаснува, канабисот го подобрува протокот на кислород во крвта до мозокот. Студијата исто така откри дека корисниците на канабис имале подобар проток на крв до центрите во мозокот одговорни за учење (putamen).

Лек за здрав мозок! - Солунска Глава
Главниот истражувач од оваа студија д-р Франческа Филби (Francesca Filbey) објаснува дека ефектите од канабисот врз крвниот притисок се одговорни за носењето на повеќе кислород до мозокот. Ова е од круцијално значење поради тоа што високиот крвен притисок е еден од примарните фактори за појава на мозочен удар. „Примарната психоактивна состојка присутна во канабисот - тетрахидроканабинол (THC) - ги релаксира артериските ѕидови што резултира со понизок крвен притисок и зголемен проток на крв во ткивата“ - истакнува д-р Филби.

Истражувањето на д-р Филби сугерира дека дури и оние кои пушеле 5 илјади пати во животот имаат поголема веројатност за подобрувања во нивоата на кислород што се доставуваат до органите низ нивниот крвоток. Во студијата, корисниците на канабис биле замолени да се воздржат од употреба на канабис барем 72 часа пред испитувањето. Тие исто така ја користеле билката на двена основа 60 дена пред студијата.

Филби не е единствениот медицински истражувач кој открил дека канабисот го намалува крвниот притисок. Уште во 1970-тите, научниците открија дека психоактивниот канабис го намалува крвниот притисок кај луѓето. Дополнителните истражувања покажуваат дека редовните корисници можат да станат толерантни кон овие ефекти, што сепак само ја потврдува безопасноста, на дури и секојдневното и прекумерното користење на ова лековито растение.

No comments:

Post a Comment