Wednesday, April 26, 2017

Што е тоа RSO и како се дозира, објаснува Хуанито Луксетич излечен од мултиплекс склероза?

Нелегално излечениот пациент со мултиплекс склероза Хуанито Луксетич (Huanito Luksetić), основач на страницата http://www.konopljapomaze.com/ и воедно еден од најпосветените борци за легализација на канабисот во Хрватска, накратко објаснува што е тоа RSO и како се употребува. Лајкнете ја ФБ страницата за негова поддршка!

Секој може да си го направи екстрактот сам во својот дом...
Хуанито Луксетич - канабисот од инвалид, го застана на нозе!
„За најквалитетен екстракт од коноп (Канабис, Марихуана...) „RSO“ (Rick Simpson Oil) се смета екстрактот/смолата од целата билка со златно кафена боја - во дозерот изгледа потемно, а може да има и посветла боја (смола) зависно од растворувачот, па и сортата (од цветовите на конопот на кои се наоѓаат кристали/трихоми (изгледаат како топчиња за голф) во кои се наоѓаат канабиноидите, терпините и флавоноидите“ - истакнува Хуанито.

„Cannabis sativa, подврста 100% индика (макс 20% - 30% сатива во сортата), THC со 90-95+% во екстрактот, потоа 1-3% CBD во екстрактот и секако со сите останати канабиноиди во сортата (постојат над 140 идентификувани, а има уште), па така со сите терпини и флавоноиди во сортата/цветот/екстрактот, затоа што сите се подеднакво важни, бидејќи сите заедно соработуваат, што е всушност идеално за нашето тело, поради тоа што и нашето тело самостојно произведува канабиноиди, затоа што имаме ендоканабиноидни рецептори CB1 и CB2, а велат дека ги има уште повеќе... (ова е откриено уште во 80-тите???)“ - вчудовидено додава тој.


Конопот е лек!
Ендоканабиноидните рецептори и канабиноидите во нас (ендоканабиноидите) и оние во конопот всушност се согласуваат како клуч и брава, па затоа значително го подобруваат електромагнетскиот импулс низ целото тело, а особено од мозокот и назад... Ја подобруваат циркулацијата, ги уништуваат токсините и лошите канцерогени/малигни клетки, делуваат антибактериски и противвоспалително, заштитуваат, ги регенерираат и зајакнуваат нашите здрави клетки, заедно со нас. Ендоканабиноидниот систем е еден од најважните системи во нашето тело - заклучува Хуанито.

Екстрактот според Хуанито се дозира на следниов начин:

На просечна личност потребни ѝ се околу 60-90 дена за орално да го консумира/изеде целосниот третман од 60 г/мл (1 мл = приближно 1 г) масло/смола/екстракт од канабис, со тоа што на почетокот дозата треба да биде количински колку половина зрно ориз, а дозите со оваа количина треба да се консумираат три пати дневно - наутро, попладне и навечер, по можност на секои 8 часа, а по четири дена ова количество се дуплира до цело зрно ориз три пати дневно (вкупно три зрна ориз дневно). По четири дена од оваа шема, дозата повторно се дуплира количински на две зрна ориз три пати на ден и ова се повторува на секои четири дена (три дози дневно), сè додека пациентот може да прими еквивалентно околу приближно 333 мг три пати на ден (вкупно 3 x 333 мг = прибл. 1000 мг = 1 грам / ден)“ - објаснува тој.

Литературата го потврдува тоа - конопот секогаш се користел како лек!

* Количинска пресметка на пола зрно ориз приближно 3-5/10 мг зависно од структурата на тревата.

На просечна личност потребни ѝ се околу 5 недели за да дојде до точката да консумира по 1 грам/мл дневно, па откако се постигне оваа количина може да се продолжи со консумирање сè
додека здравствената состојба не се стабилизира.

Следејќи ја оваа метода, консумирањето на маслото обезбедува смирувачки ефект и поспаност во фазата на прилагодување, додека телото постепено ја постигнува толерантноста, а после 4-5 недели (понекогаш и неодредено!) нормално функционирање.

За потешките здравствени состојби (рак, карцином, тумор...), потребно е да се консумира што е можно поголеми количини во пократок временски интервал за постигнување на оптимални резултати. Мир и тишина и многу пријателска средина“ - заклучува паталецот и нашиот соборец за слободен БАЛ-КАНАБИС - Хуанито Луксетич. СПОДЕЛИ го овој пост!

No comments:

Post a Comment