Sunday, April 2, 2017

Што е тоа ендоканабиноиден систем?

Во 1964 година истражувачите од Израел ги откриле терапевтски активните состојки во канабисот, коишто денес се нарекуваат канабиноиди, од кои најпознат и најистражуван е канабиноидот THC, т.е. тетрахидроканабинол (tetrahydrocannabinol)


Кликни на сликата
Повеќе од 20 години подоцна, поточно во 1988 година, научниците го идентификувале ендоканабиноидниот систем во човечкото тело. Ендоканабиноидите се специјални молекули коишто нашето тело ги произведува по природен пат. Тие се многу тесно поврзани со правилното функционирање на целиот организам, т.е. на сите други системи, особено имуниот систем и нервниот систем. Канабиноидите од канабисот го имаат истиот ефект врз нашиот организам како и ендоканабиноидите. Многу од болестите коишто денес го уништуваат човекот, настануваат токму поради ендоканабиноиден дефицит, а единствениот природен извор за надополнување на овие клучни состојки е токму марихуаната.


CB1 и CB2 рецепторите
Канабиноидите од канабисот се однесуваат токму како нашите сопствени ендоканабиноиди. Тие перфектно одговараат на специјалните рецептори коишто се наоѓаат низ целото тело и кои се тесно поврзани со нервниот и имуниот систем. Нивната функција е подобрување на сопствената способност на телото да ја одржи хомеостазата, односно балансот во организмот и целокупната здравствена благосостојба. Свеста за постоењето на CB1 и CB2 рецепторите ја раздрма модерната медицина и во голема мера го нагласи значењето за тоа на кој начин канабиноидите од марихуаната и ендоканабиноидите од нашето тело меѓусебно стапуваат во синергична интеракција. Разбирањето на овие рецептори на научниците исто така им овозможува изолирање на одредени канабиноиди, како и подготовка на разновидни екстракти. Предупредуваме дека ниту еден синтетички канабиноид не може да има ни приближно сличен здравствен ефект како живите (природни) канабиноиди.


CB1 рецепторите се лоцирани низ целиот наш мозок и централниот нервен систем, како и бубрезите, црниот дроб, белите дробови, дигестивниот тракт, па дури и очите! Бројот на овие рецептори значително го надминува бројот на рецепторите за опијати и тоа во некој приближен сооднос од 10 према 1. Поставеноста на CB1 рецепторите ја оневозможува предозираноста од канабис, затоа што тие не се присутни во базалните региони на мозокот што се одговорни за виталните функции на телото (работата на срцето, дишењето итн.). Прекумерното внесување канабис не е летално (смртоносно) - НУЛА смртни случаи во историјата! Најстрашно што може да ви се случи од прекумерно внесување канабис е многу да огладнете, а потоа слатко да си заспиете... :) CB2 рецепторите примарно се откриени во периферните органи, пред се` ткивата поврзани со имуниот систем, вклучувајќи ги крајниците, слезината, градната жлезда и коскената срцевина.

Д-р Етан Русо
Д-р Етан Русо (Ethan Russo) еден од најпознатите научници коишто ги истражуваат медицинските својства на канабисот има напишано детално објаснување за ендоканабиноидниот систем и неговата функција кога станува збор за целокупното здравје на човекот: „Аналгетските и палијативни ефекти на канабисот и подготовката на канабиноидите во значителна мера се пријавени во текот на минатата генерација... Всушност, ефектите резултираат од комбинацијата на рецепторните и нерецепторните посредни механизми. THC и другите канабиноиди вложуваат многу дејства преку канабиноидните рецептори, рецепторите на Г-протеин мембраната (G-protein coupled membrane receptors), коишто се екстремно густо претставени во централните, `рбетните и периферните ноцицептивни патишта“ - пишува Д-р Русо во своите публикации.


Ендогените канабиноиди (ендоканабиноидите) дури и ги регулираат структурите за интегративна болка, како што е периаквадукталната (periaqueductal) сива маса. Ендоканабиноидниот систем исто така е во интеракција на бројни начини со ендогените опиоиди и валино системите коишто можат да ја модулираат аналгезијата и со голем број на други невротрансмитер системи како што се серотонергискиот, допаминергискиот, глутамеатергискиот итн., релевантни за болка. Клиничкиот ендоканабиноиден дефицит може да биде основата на патогенезата на мигрена, фибромијалгија, идиопатски синдром на дебелото црево, како и бројни други болни состојби коишто му се спротивставуваат на модерното патофизиолошко објаснување или адекватен третман“ - додава тој.

Извор: HCI Alternatives

No comments:

Post a Comment