Wednesday, March 22, 2017

Патрик Стјуарт откри дека користи канабис за да го третира својот артритис

Легендарниот актер од „Star Trek“ Патрик Стјуарт (Patrick Stewart) неодамна јавно откри дека користи канабис за да го третира својот артритис. 76-годишниот актер имаше многу проблеми со болки во рацете поради артритис до пред две години, т.е. до пред да се сретне со својот доктор во Лос Анџелес. Актерот сега изјавува дека спрејот базиран на канабис, маста и капсулите коишто тој ги купува легално, за него претставуваат чудесен лек!

Patrick Stewart се лекува со канабис!
Пред две години во Лос Анџелес бев прегледан од страна на лекар и ми беше даден рецепт со кој добив легална дозвола за набавка од регистриран пункт за производи базирани на канабис и бев советуван дека тоа може да ми помогне со мојот орто артритис во двете раце. Ова е, се чини генетски базирана здравствена состојба. Мојата мајка имаше лошо изобличени и болни раце. Јас си купив маст, спреј и лековити колачи. Маста, додека ми даваше одредено олеснување од неудобноста, беше премрснa за да ја користам преку ден, па затоа ja користам само навечер. Тaа ми помага да заспијам како што се редуцира болката“ - изјавува Патрик.


Немав никакви негативни споредни ефекти...


Спрејот, како и да е, е повеќе употреблив и јас ги прскам моите прсти и особено зглобовите на моите палци неколку пати во денот. Спрејот многу брзо испарува и ги остава моите раце доста суви, со нежно чувство на пецкање, кое не е непријатно. Верувам дека маста и спрејот значително ја намалија вкочанетоста и болката во моите раце. Можам да стискам тупаници, што не можев пред да почнам со овој третман.“ - додава тој.

Немав никакви негативни споредни ефекти од овој третман“ - изјавува Патрик, а замената на алтернативниов третман со канабис би било земање на синтетички фармацевтски лекови како NSAID’s, Advil, Aleve и Naproxen, кои се познати по своите негативни ефекти врз црниот дроб. „Како резултат на ова искуство, јас со ентузијазам го поддржувам планот за истражување на канабисот на Oxford Универзитетот (Oxford University Cannabis Research Plan). Верувам дека оваа програма за истражувања може да резултира со придобивки за луѓето како мене, како и милиони други“ - заклучува тој.

Извор: Fox News

No comments:

Post a Comment