Saturday, February 11, 2017

Медицинска марихуана против акутни болки - студија

Билка наместо апчиња кога се работи за болки!
Нова научна студија спроведена од страна на д-р Џејмс Фини (James Feeney) од болницата Saint Francis и медицинскиот центар во Hartford Connecticut. Овој обид е финансиран од страна на државата и ќе ги спореди опијатите и медицинската марихуана кај третирањето на акутна болка, како на пример кај фрактурите (скршениците). Постојат научни студии коишто сугерираат дека медицинската марихуана претставува ефективен природен лек за лекувањето на хронични болки (повторливи болки), т.е. болки што продолжуваат да ги мачат пациентите и покрај тоа што повредата веќе би требало да е излечена. Д-р Фини сака да ја тестира марихуаната за лекувањето на акутни болки, за кои опијатите долго време биле препишувани како лек, без некој посебен ефект, а со низа несакани последици по здравјето на пациентите!


Ослободи се од болките на природен начин
Големиот фокус од моја гледна точка е дека ова е обид да се заврши епидемијата со опијати. Предозирањата од опијати убија повеќе од 30.000 луѓе во 2015“ - истакнува д-р Фини. Марихуаната се` уште е третирана како наркотик бр. 1 според легислативата на многу држави, што ги попречува научниците да го истражуваат ова растение. Истражувачите прво треба да аплицираат за лиценца од страна на DEA (Администрацијата за борба против дрогата), што може да трае и со години. Единствената достапна залиха за истражувачите е објектот во кој Владата одгледува канабис при Универзитетот во Мисисипи, а и тамошните резерви се ограничени.


Заменете ги теглите апчиња со тегличка гане ;)
Истражувањето на д-р Фини за влијанието на марихуаната врз акутните болки нуди можност да се заобиколат овие проблеми поврзани со законите. Медицинската марихуана е легална во државата Конектикат. Наместо директно снабдување на пациентите со марихуана, докторот му дава сертификат на пациентот да го користи овој лек, а пациентот потоа си ја подига својата марихуана или од специјална продавница за марихуана или од аптека. „Врстите од кои јас треба да одберам се толку чисти и толку потентни, што материјалот што го добиваат од Универзитетот во Мисисипи бледнее во споредбата“ - додава тој.


Студијата вклучува вклупно 60 пациенти со повреди на ребрата, од кои 30 се лекувани со опијати, а другата половина со канабис. Поради дизајнот на студијата, пациентите сами одлучуваат дали ќе користат опијати и марихуана за контрола на болките. Досега, болниците имаат заведено доста голем број на пациенти. Сите од нив избраа марихуана! Д-р Даниел Клов (Daniel Clauw) пак, кој ја води лабораторијата за болки при Универзитетот во Мишиген заедно со неговите колеги неодамна објавија анкета спроведена врз пациенти кои започнале да користат медицинска марихуана за ублажување на болките. Тие ја редуцирале нивната претходна употреба на опијати за третирање на болките за цели две третини!!!


Лек од Бога даден...
Тие се чувствуваа многу подобро кога нивната болка беше ставена под контрола со помош на канабис, отколку со опијати затоа што опијатите имаат многу споредни ефекти. Тие несакани ефекти вклучуваат вртоглавици, констипација, сексуална дисфункција и во случај на предозирања - проблеми со дишењето. Тоа е затоа што опијатните рецептори исто така се наоѓаат во мозочното стебло, делот од мозокот кој го регулира дишењето“ - објаснува д-р Даниел. Марихуаната делува на различен сет на рецептори и затоа не може никому да му наштети.

Извор: Hemp Project

No comments:

Post a Comment