Sunday, November 22, 2015

Готвење со канабис

WAKE & BAKE!

Канабисот е билка што се јаде! Храни се здраво! Јади повеќе канабис!

Дури и за најискусните пушачи на канабис и консументи на производите од канабис, јадењето на јадења што содржат Марихуана и екстракти од ова растение може да се претвори во потполно ново прекрасно и превкусно искуство. Ова е одлично решение за тие коишто не сакаат да пушат трева, а сакаат да ги уживаат нејзините благодети - идеално решение за лицата коишто користат марихуана во медицински цели.


Консумирајте повеќе зеленчук!

Една од клучните состојки кај речиси сите кулинарни рецепти со Марихуана е токму путерот со канабис (Кана-путер, Cannabutter), којшто при подготовката на јадењето служи како замена на стандардниот путер. Јадењето на свеж канабис и пиењето на сок од суров цеден канабис и правењето на свежи смудиа и сосови од билката има бројни здравствени придобивки, меѓутоа на тој начин не може да ја исползувате целосната медицинска моќ од канабиноидите. За да ја подготвите тревата за јадење и за да го постигнете ефектот што го сакате, таа мора да биде згреена на некој начин. Нема да ги активирате канабиноидите доколку ја изедете тревата свежа без термичка обработка. Затоа кога готвите со канабис многу е важно да употребите некакво масло (зејтин, путер, млеко), бидејќи канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC) е растворлив во масти, а не во вода. Затоа е невозможно да се напушите од пиење на чај од канабис, без да додадете малку млеко во чајот! ;) 

На кој начин делува?

Јадењето на активирана Марихуана е различно од нејзиното пушење. Ефектите траат многу подолго, а искуството може да биде многу поинтензивно. Ефектот може да започне од 30 минути па се` до 2 часа, по консумирањето на храната со канабис. Иако не почувствувате никаква промена извесно време, не бидете нетрпеливи и алчни и не јадете повеќе од препорачаната порција. Најдобро е да се започне со мала порција од оброкот, а потоа истата да се зголеми следниот пат, доколку не сте задоволни од „хајот“. Кога канабиноидите ќе започнат да делуваат, ќе започнете да се чувствувате многу опуштено. Па, доколку седите во удобна положба и на удобно место, нема да сакате да се помрднете, а ќе имате чувство како телото да ви е тешко и многу опуштено.

Што треба да направите доколку изедете премногу?

Запомнете: Предозирањето со Марихуана е невозножно, односно не е смртоносно. Претерувањето со храната подготвена со канабис, за некои луѓе (особено почетниците) може да биде непријатно искуство. Може да почувствуваат паника, вознемиреност, збунетост, понекогаш проблеми со координацијата, но тоа трае многу кратко и не може да предизвика сериозни последици! Доколку се прејадете со колач со путер од канабис или пак, со некакво друго јадење со екстракт од канабис и доколку ефектот е прејак за вас и не ви се допаѓа, може да го пробате следново:

1. Дишете длабоко и не паничете, бидејќи вие ја контролирате анксиозноста и вознемиреноста, Вие можете да си ја зголемите, но и вие сте тие кои можете да ја намалите и победите. Јадете храна со канабис во друштво на вашите добри пријатели кои ќе ви направат убава и удобна атмосфера;
2. Напијте се сок од свежо исцедени цитруси (лимони, портокали, мандарини, цитрони) или јадете ги свежи;
3. Јадете `фстаси или ореви од бор, препорачуваат од The Stoner's Cookbook;
4. Употребете етерично масло од бор со мачкање на кожа или по пат на инхалација;
Гответе со канабис, киф и хашиш!
5. Консумирајте повеќе CBD - Употребете производ од канабис (спреј, тинктура, масло и сл.) богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) или пак, пушете (или консумирајте на друг начин) Марихуана со нивко ниво на THC и повисоко ниво на CBD. Канабидиолот е природен антидотум за ефектот на Тетрахидроканабидиолот, а се содржи во истото растение.

Колку канабис треба да употребите?

Потешкотијата при готвењето со канабис е одредувањето на неговата јачина, што е најголемо мерило за тоа колку трева треба да употребите. Токму затоа не се придржувајте строго кон рецептот, доколку ќе готвите со прилично слаба трева. Треба да се експериментира за да се утврди соодветната количина на канабис за конкретниот рецепт што сакате да си го приготвите. 

Декарбоксилација

Суровиот канабис содржи многу THCA (tetrahydrocannabinolic acid) кој е непсихоактивен канабиноид. Како што марихуаната се суши, таа постепено се претвора во THC. Кога пушите или вапоризирате канабис, канабиноидите поминуваат низ процесот наречен декарбоксилација и стануваат психоактивни. Токму затоа, доколку сакате да го почувствувате целосниот ефект на „напушување“ од јадењето што планирате да го подготвите, најпрво морате да го декарбоксилирате канабисот пред да готвите со него. 


Други методи за екстракција на THC

Канабисот е превкусен зачин за секое јадење!
Путерот од туфки, односно Кана-путерот не е единствениот начин за готвење со Канабис. Во многу рецепти можете да употребите Масло со канабис (Зејтин со Канабис - не станува збор за екстрактот маслото од канабис коешто се користи за лекување рак и други болести), Млеко со канабис (Cannamilk), Мед со канабис (Cannahoney), Брашно со канабис (Cannaflour), Павлака со канабис (CannaCream Cheese) и сл.

Рецепти со канабис:

Неколку превкусни слатки и солени рецепти што можете да ги испробате, а доколку ги немате сите потребни состојки, овие рецепти можеби ќе ја разбудат вашата кулинарна фантазија бидејќи канабисот ја поттикнува креативноста:

2. Специјални браунис (Special Brownies);
3. Крем супа со канабис (Cream of Cannabis soup);
4. Марихуана пица (Marijuana Pizza);
5. Стонерски тостови со топен кашкавал (Stoner Grilled Cheese Sandwiches).


Канабисот го отвора апетитот и ги изострува сетилата и затоа храната е повкусна. Храната може да биде лек. Ти си тоа што го јадеш!
УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ ОБРОК и пријатно готвење со канабис :)

Коцки мраз со канабис
Цедење суров канабис

No comments:

Post a Comment