Friday, July 17, 2015

5 факти за Канабидиолот (CBD) кои мора да ги знаете

Канабидиол (CBD) е канабиноид, кој за разлика од канабиноидот THC (Тетрахидроканабинол) не те прави напушен. Поради ова врстите на Марихуана кои имаат повеќе CBD, а помалку THC не се барани и посакувани од страна на рекреативните корисници. Од друга страна пак, овие врсти се повеќе барани од страна на пациентите како лек, за да го избегнат психоактивното дејство

Хемиска структура на Cannabidiol.

1. CBD е круцијална состојка во Марихуаната

Канабидиолот е еден од над 60-те состојки на Канабисот, кои спаѓаат во групата на молекули наречени канабиноиди. Количината на канабиноидите е различна кај секое растение. Канабидиолот и тетрахидроканабинолот најчесто се најголемиот процент од сите канабиноиди во растението и токму затоа се најпроучувани и најпопуларни.

Марихуаната растена за рекреативна употреба содржи повеќе THC од CBD. Сепак, со користење на селективни техники на вкрстување на врстите, одгледувачите успеале да создадат хибриди со високо ниво на CBD и многу ниско ниво на THC. Овие врсти се поретки, но станаа многу популарни изминативе години за медицинска употреба. Таква врста е „Charlotte's web“ создадена со вкрстување од страна на браќата Стенли на нивната фарма со Канабис, за медицинските потреби на девојчето Шарлот (Чарли) со Драветов синдром (тешка форма на епилепсија):



2. CBD не е психоактивен

Канабидиолот не е психоактивен бидејќи не влијае на истите патеки во мозокот и телото како THC. Овие патеки наречени CB1 рецептори се одговорни за умствените ефекти од тетрахидроканабинолот. Извештајот објавен во 2011 година во „Current Drug Safety“ заклучува дека „не ги попречува психомоторните и психолошките функции“. Авторите додаваат дека неколку студии сугерираат дека CBD е „добро толерирано и безбедно“ дури и во големи дози. 


3. CBD има широк спектар на медицински придобивки

И покрај тоа што CBD и THC влијаат  на различни патеки  во телото, генерално тие имаат многу исти медицински придобивки. Според извештајот од 2013 година објавен во British Journal of Clinical Pharmacology, студиите октрија дека CBD  ги има следниве медицински својства:

  • Антиеметичко -          Намалува гадење и повраќање;
  • Антиконвулзивно -    Потиснува епи-напади;
  • Антипсихотично -      Против психијатриски                                                                  нарушувања;
  • Анти-воспалително - Против воспалителни болести;
  • Антиоксидант -          Против невродегенеративни                                                        нарушувања;
  • Антиканцерогено -     Против тумори и канцерогени                                                    клетки (рак);
  • Анксиолитик / Анти-депресив - Против анксиозност и                                                                  депресија;

Многу пациенти ширум светот се лекуваат со екстракти и тинктури со канабиноидите THC и CBD. За жал многу помалку од студиите се спроведувани врз луѓе, а многу повеќе врз животни. Фармацевтска верзија  на CBD неодамна беше развиена од страна на една фармацевтска компанија базирана во Велика Британија. Компанијата GW Pharmaceuticals сега ги финансира клиничките испитувања на CBD како лек за шизофренија и одредени типови за епилепсија. Тим од научници пак, од California Pacific Medical Center, предводени од страна на д-р Sean McAllister изјави дека се надеваат дека ќе започнат испитувања врз луѓе за CBD како третман против рак на дојка.


4. CBD ги редуцира „негативните“ ефекти од THC

CBD нуди природна заштита од чувството на „high“ поради канабиноидот THC. Бројни научни истражувања потврдуваат дека CBD го намалува ефектот на THC, како што се моменталните краткотрајни потешкотии со меморијата, а понекогаш параноја и сонливост. CBD исто така му противдејствува на ефектот на Марихуаната да поттикнува на сон.

Ниту CBD, ниту THC (ниту пак другите канабиноиди) потврдено е дека не можат смртно да се предозираат! 


5. CBD сè уште е нелегално

И покрај тоа што CBD се користи како лек, овој канабиноид (како и останатите) се` уште е нелегален во многу делови од светот. CBD се смета како наркотично средство од прв ред во САД, додека пак во Канада се смета за наркотично средство од втор ред. 

Од друга страна пак, Агенцијата за храна и лекови неодамна одобри обид за фармацевтската верзија на CBD кај деца со ретки форми на епилепсија. Овој лек се нарекува Epidiolex. Според компанијата овој лек содржи повеќе од 98% CBD, количини во трагови од некои други канабиноиди и нула THC. Оваа компанија прави и друг лек базиран на Канабис, наречен Sativex кој беше одобрен во над 24 држави за третирање на мултиплекс склероза.

Патент доделен за Американското здравство и општествени служби во 2003 година (US6630507) исто така ја опфаќа употребата на CBD како третман за различни невродегенеративни и воспалителни болести.

No comments:

Post a Comment