Tuesday, August 16, 2016

Синтетички канабиноиди за редукција на остеоартритис

Едно ново научно истражување покажува дека третманот со новосоздадениот синтетички канабиноид ги редуцира дефектите во `рскавицата предизвикани од болеста остеоартритис


Последиците од остеоартритис
Наодите од истражувањето од месец април оваа година објавено во US National Library of Medicine National Institutes of Health (Американската национална библиотека на националниот медицински институт за здравјето) се совпаѓаат со досегашното практично искуство на пациентите што сугерира дека благодарение на своето аналгетското и противвоспалително својство, канабисот може да помогне во борбата со остеоартритисот или евентуално да ги ублажи болките, непријатноста и негативните симптоми од ова дегенеративно заболување на зглобовите.

WIN-55 е само можна алтернатива на природниот канабис

Истражувањата продолжуваат! :)
Навистина е трагично кога научниците создаваат нови супстанци по вештачки пат за да истражат некоја природна супстанца! Природата не може синтетички да се создаде, ниту пак замени и само природните растителни канабиноиди се оние кои му се потребни на нашиот ендоканабиноиден систем што го поседува секој човек исто како лимфниот систем! Но, од една страна научниците не се целосно виновни за ова. Законската регулатива ги принудува да импровизираат, затоа што никој не сака да ја ризикува сопствената слобода. Затоа треба сите активно да се вклучиме во борбата за легализација на канабисот, за да овозможиме легален пристап до ова растение за сите луѓе, пред се` болните и истражувачите!  

Ги истражуваме супстанците на другите планети, а за истражување на канабисот се создава вештачки канабис! СРАМОТА! :(

Уште колку истражувања ќе бидат потребни?!
Синтетичкиот канабиноид WIN-55 создаден е од страна на човекот во лабораторија по хемиски вештачки пат и во формата во која што е создаден го нема во ниту едно органско растение, ниту пак некаде во природата. Тој е агонист на CB1 рецепторите во нашиот ендоканабиноиден систем што секој од нас го поседува. Оваа алтернатива на природниот канабис, развиена е како можен нестероиден антиинфламаторен лек и хемиски гледано има многу мала сличност со природниот тетрахидроканабинол – THC што во големи концентрации го има во зрелите цветови на индика врстите.

Постојат два главни типа на артритис и тоа остеоартритис и ревматоиден артритис. Остеоартритисот е почеста и помалку тешка форма на болеста и како што покажува статистиката од оваа хронична појава страдаат повеќе од 20 милиони Американци. Распаѓањето на заедничката заштитна `рскавица во зглобовите може да биде предизвикано од многу причини: наследно, дебелина, повреда...

Ендоканабиноидни рецептори - сите ги имаме!
Покрај многуте други досегашни студии што исто така ја потврдуваат корисноста на канабиноидите, се` уште не постојат доволно научни докази дека канабисот е добар лек за ова заболување и за други заболувања, пред се` поради малите размери на студиите. Една од причините зошто истражувачите мора да создаваат синтетички канабиноиди за своите истражувања е нелегалноста на конопот и неможноста легално да вршат истражувања врз ова растение. Сепак и покрај сето тоа, оваа студија спроведена од страна на истражувачите од The Second Xiangya Hospital of Central South University in China’s Hunan province (Втората болница во Џаниа од Централно-јужниот Универзитет во провинцијата Хунан во Кина), обезбедува доволно докази за да се поддржи „новиот механизам“ со кој канабиноидите можат да го спречат распаѓањето на `рскавицата кај остеоартритисот.

Билката за спас на Светов!
Науката сега веќе демонстрираше дека компонентата THC од канабисот е доста ефикасен аналгетик. Состојката CBD (Канабидиол) има уникатни имуномодуларни придобивки и го поддржува лекувањето на артритисот“ - уште во далечната 2005 година истакна Д-р Етан Русо (Ethan Russo) невролог кој е ангажиран како главен медицински советник за GW Pharmaceuticals и воедно е претседател на  International Cannabinoid Research Society (Меѓународното истражувачко општество за канабиоиди). Тој е еден од најпознатите и најпосветените истражувачи на медицинскиот канабис во САД, поборник за употребата на канабис кај повеќе здравствени состојби, не само за артритисот.

Постојат доста експериментални докази што покажуваат дека канабисот може да биде ефикасен во третирањето на болките кај артритисот, како и воспалението и помошта со заморот“ - објаснува Д-р Џејсон Мекдугал (Jason McDougall) професор по фармакологија и анестезија и претседател на Scientific Advisory Committee of the Arthritis Society (Научниот советодавен комитет на артритис општеството). „Понатамошни истражувања за медицинскиот канабис се неопходни за да ги разбереме различните подгрупи на пациенти кои можат да се лекуваат со медицински канабис“ - додава тој. За жал, синтетичките канабиноиди можат да бидат многу опасни по здравјето и животот, што никогаш не е случај со фитоканабиноидите од органски одгледаниот канабис!

No comments:

Post a Comment