Tuesday, May 19, 2015

Научно истражување: Канабисот е безбеден и многу ефикасен при третманот на епилепсија

Најновата студија врз Марихуаната, исто како и претходните - повторно потврди дека состојките во ова растение, а најмногу канабиноидот КАНАБИДИОЛ (CBD) се потполно безбеден и неверојатно ефикасен лек за сите видови на епилепсија


Според резултатите добиени во ова истражување, презентирани за време на овогодинешната средба на Американската Академија за Неврологија што се одржува секоја година, 213-те испитаници на различна возраст, кои живеат со разни видови на епилепсија (вклучувајќи го и Драветовиот синдром, за кој се` уште не постои ефикасен фармацевтски лек, потоа Синдромот Ленокс Гастаут, како и 2 сериозно тешки детски епилепсии), покажаа во просек 54% намалување на бројот на епи-нападите откако започнале да консумираат екстракт од Канабис. Само 12 од пациентите од 213-те кои биле вклучени во ова истражување не успеале да го спроведат до крајот, бидејќи им се појавиле благи несакани од нивна страна последици како: зголемен умор, зголемен апетит или проливи.

Испитаниците користеле екстракт од растението Марихуана богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) - втората најактивна состојка во оваа билка, веднаш по канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC). Овој нов препарат се нарекува ЕПИДИОЛЕКС и е произведен од страна на GW Pharmaceuticals. Овој фармацевтски лек на база на Канабис се состои од 98% CBD и други канабиноиди. Тој е лабораториски тестиран и веќе е достапен во големите аптеки и продавниците за производи од Канабис во некои земји во САД. 

Студијата беше водена од страна на Д-р Орин Девински, кој е директор на Сеопфатниот центар за епилепсија при Универзитетот во Њу Јорк. Доктор Девински изјавува дека резултатите се веродостојни и ветувачки, но исто така вели дека ова е само почеток и дека треба да се спроведуваат уште истражувања. Постоечките лекови против епилепсија до сега не се потврдија како ефикасни и истите вклучуваат многу повеќе несакани последици врз здравјето на пациентите, отколку овој нов лек Епидиолекс којшто е направен од Канабис. Уморот и зголемениот апетит, што се јавиле кај само 12 од 213 испитаници не е ништо во споредба со последиците од другите досегашни лекови против епилепсија со кои пациентите лесно може да се предозираат и да настапи смрт. 


Се надеваме дека Канабисот наскоро ќе се извади од листата на дроги и ќе се легализира/декриминализира како цело растение. Најстрашно ќе биде доколку ова не се случи, а наместо легализација на Канабисот фармацевтските компации ќе почнат масовно производство на лекови и екстракти од Канабис, со цел да остварат голем профит. Треба да имаме пред вид дека само целото растение и канабисовото масло на Рик Симпсон имаат најголеми здравствени придобивки, а не хемиски синтетизирани соединенија од истото.


No comments:

Post a Comment